• петок, 22 ноември 2024

Полската фудбалска федерација им помага на клубовите погодени од поплавите

Полската фудбалска федерација им помага на клубовите погодени од поплавите


Варшава, 20 септември 2024 (МИА) – Полскиот фудбалски сојуз (ПЗПН) објави денеска дека ќе обезбеди помош од над 450.000 долари за фудбалските клубови погодени од најголемите поплави што го зафатија регионот во последните две децении.
Најмалку 24 лица загинаа во поплавите, вклучувајќи седум во Полска, а Вроцлав, третиот по големина полски град, се соочи со голема штета.
„Заедно со претседателите на општинските федерации решивме да донираме 1,75 милиони полски злоти за помош на клубовите погодени од поплавата“, објави претседателот на ПЗПН, Цезари Кулеза на платформата Икс.
Премиерлигашот Сласк Вроцлав го одложи својот домашен натпревар против Стал Миелец во понеделникот и го претвори својот стадион во место за собирање донации за погодените од поплавите. Клубот исто така започна собирање средства за помош на настраданите од поплавите, при што играчите и тренерите ги посетија областите погодени од поплавите за да ги дистрибуираат основните намирници.
Европската унија вети дека ќе стави на располагање финансиска помош на регионот, а полскиот премиер Доналд Туск рече дека земјата може да добие пет милијарди евра. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан