• сабота, 18 мај 2024

Полковникот Гоита во понеделник ќе биде инаугуриран за привремен претседател на Мали

Полковникот Гоита во понеделник ќе биде инаугуриран за привремен претседател на Мали
Бамако, 4 јуни 2021 (МИА) - Полковникот Ашими Гоита, кој минатата недела беше прогласен за привремен претседател од Уставниот суд на Мали, по два удржавни дари во последните девет месеци, ќе биде инаугуриран во понеделник во Бамако.
Владата на Мали, иако распуштена, објави писмо на Фејсбук од Министерството за надворешни работи во кое ги кани амбасадорите и шефовите на меѓународните организации да присуствуваат на церемонијата на инаугурација во понеделник.
Предвидено е на церемонијата да се именува премиерот, а меѓународната заедница побара тој да не биде од редовите на војската.
Во Мали имаше два државни удари. Првиот беше во август 2020 година, кога војската го смени претседателот Ибрахим Бубакар, обвинет за корупција, и по неколкумесечните антивладини протести.
Сепак, во мај, војската незадоволна од составот на владата, ги смени и уапси претседателот и премиерот. Уставниот суд во Мали тогаш го назначи полковникот Ашими Гоита за привремен претседател. паг/
     

Остани поврзан