Полицијата казни 173 возачи за брзо возење
- Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 173 возачи.
Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Во рамки на вчерашната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 173 возачи.
Од нив, како што соопшти МВР, 14 возачи управувале со возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.
ОД МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта. сст/са/
фото МИА архива