• петок, 22 ноември 2024

Познати добитниците на алтернативните Нобелови награди

Познати добитниците на алтернативните Нобелови награди

Осло, 29 септември 2022 (МИА) - Алтернативните Нобелови награди годинава отидоа кај активисти од Украина, Сомалија, Венецуела и Уганда.

Наградата за правичен живот „Рајт лајвлихуд“ (Right Livelihood), меѓу другите, ја добија сомалиските активисти за човекови права, Фартуун Адан и Илвад Елман, потоа - украинската адвокатка Олександра Матвичук и Центарот за граѓански слободи (ЦЦЛ), венецуелскиот колектив за социјални услуги, „Секосесола“ и Африканскиот институт за управување со енергија (АФИЕГО). Добитниците треба да бидат објавувани од понеделник во Стокхолм, Шведска и Осло, Норвешка. Наградата се доделува на поборниците за човекови права, животна средина и мир од 1980 година. Одличјето во минатото им било доделено на светски познати личности како што се шведската писателка за деца Астрид Линдгрен, американскиот укажувач Едвард Сноуден и шведската активистка за климата Грета Тунберг. Сепак, Фондацијата обично ја доделува наградата на помалку познати поединци и организации. Признанието за правичен живот лани го добија адвокатката Марта Вандо од Камерун, рускиот екологист Владимир Сливјак, Фреда Хјусон - канадска застапничка за правата на домородните луѓе и Правната иницијатива за шуми и животна средина (ЛИФЕ) од Индија.  си/сд/

Остани поврзан