• четврток, 04 јули 2024

Позиција на МНР за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации

Позиција на МНР за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја повторува позицијата со која ја дели загриженоста на ЕУ, со која се повикува Грузија да го укине законот за транспарентност на странско влијание.

-Во врска со објавите на медиумите во однос на Заедничката изјава во Советот за човекови права на Обединетите нации, иницирана од Литванија, со која се повикува Грузија да го укине законот за транспарентност на странско влијание, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш ја повторува позицијата која и во текот на вчерашниот ден беше доставена како одговор на новинарско прашање, дека Северна Македонија ја дели загриженоста на ЕУ којa се однесува на споменатиот закон, што е впрочем наша принципиелна позиција и за слични закони во други држави, се наведува во соопштението на МНР.

Соодветно, додаваат оттаму, ја поддржуваме и заедничката изјава на Литванија дадена во име на група земји, на која се придруживме и која e објавена на официјалната страница на Советот за човекови права, што е вообичаена пракса. 

https://mission-geneva.mfa.lt/mission-geneva/en/news/56th-session-of-the-human-rights-council-interactive-dialogue-with-the-special-rapporteur-on-peaceful-assembly

нд/ев/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан