• четврток, 18 јули 2024

Пожар под Тимјаничка цуцка кај Неготино

Пожар под Тимјаничка цуцка кај Неготино

Неготино, 3 ноември 2023 (МИА) – Пожар избувнал вечерва под Тимјаничка цуцка кај Неготино, оваа информација за МИА ја потврдија неготинскиот градоначалник Горан Стојанов и Центарот за управување со кризи. Стојанов рече дека на терен гаснат осум пожарникари со две противпожарни возила.

- Од Е-112 добиена е пријава за пожар на отворено кај месноста позната како „Трафостаница – Дуброво“ (Општина Неготино) што, според пријавувачот, е со големи размери. Пожарникарите од ТППЕ Неготино се излезени на терен, рекоа од ЦУК. свд/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан