• петок, 12 јули 2024

Пожарот кај село Отиштино зафатил и земјоделско земјиште и пчелни семејства

Пожарот кај село Отиштино зафатил и земјоделско земјиште и пчелни семејства

Велес,12 јули 2024 (МИА) - Пожарот на сува трева и нискп стеблеста шума  во атар на село Отиштино, во Општина Чашка, зафатил и насадено земјоделско обработливо земјиште во местото викано „Кај тополите“ во сопственост на Н.Н од Чашка, како и пчелни семејства кои биле во сопственост на неговата 29 годишна ќерка А.Н.А. информираат денеска од  СВР Велес.

Појаснуваат дека  повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.

Случајот во СВР Велес бил пријавен на 9 јули, околу 16:30 часот во Полициско одделение Чашка, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.ад/

Фото: МИА архива

Остани поврзан