• петок, 04 октомври 2024

Пожарникари од Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш на Божиќен турнир во мал фудбал и пинг-понг

Пожарникари од Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш на Божиќен турнир во мал фудбал и пинг-понг

Струмица, 11 јануари 2024 (МИА) - Пожарникари од Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш денеска во Валандово учествуваа на Божиќен турнир во мал фудбал и пинг-понг.

Турнирот се одржува втора година по ред, а годинава домаќини беа пожарникарите од Валандово.

Турнирот за прв пат беше одржан лани во Струмица на иницијатива на ТППЕ Струмица и полека прераснува во традиционален.

Како што информираа од ТППЕ Струмица, преку вакви спортски средби пожарникарите разменуваат искуства како на спортски, така и на професионален план. рт/сст/

Фото: ТППЕ Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан