• понеделник, 23 декември 2024

Поемата „Денес“ на авторот под шифра „Сенед“ избрана за најдобра на конкурсот „Григор Прличев“

Поемата „Денес“ на авторот  под шифра „Сенед“ избрана за најдобра на конкурсот „Григор Прличев“

Охрид, 3 јануари 2024 (МИА) – Поемата „Денес“ на авторот под шифра „Сенед“ ја добива наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2023 година што секоја година ја доделува Националната установа – центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Одлуката за изборот на најдобрата поема била донесена едногласно од страна на комисијата во состав Милован Стефановск, како претседател и членовите Елизабета Шелева и Иван Додовски.

Според соопштението од Комисијата, на конкурсот биле пријавени седум авторски дела, од кои во потесен круг покрај наградената уште влегла и  поемата „Армагедон – големиот суден ден“ , пријавена под шифра „Валтер“.

Комисијата го повикува авторот или авторката на наградената поема „Денес“ да го докаже авторството со доставување на оригиналниот примерок.

Наградата на лауреатот традиционално ќе му биде врачена во рамки на манифестацијата „Прлиеви беседи“ што се одржува на почетокот на февруари, кога се одбележува годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник. аб/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан