• понеделник, 23 декември 2024

„Подобро за Тетово“: Централната власт со негрижа, локалната со агресивен пристап кон училиштата

„Подобро за Тетово“: Централната власт со негрижа, локалната со агресивен пристап кон училиштата

Тетово, 26 декември 2023 (МИА) - Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ на денешната прес-конференција истакна дека Министерството за образование повеќе се грижи за тендери отколку за квалитет во оваа дејност.

- Резултатите од Писа тестот се неоспорен доказ дека образовниот систем е во бедна состојба. Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието повеќе се ангажирани во доделувањето на тендери отколку подобрувањето на квалитетот на образованието. Доказ за тоа е немањето книги и работни материјали за учениците, како и многуте технички и содржински грешки во постоечките текстови. Во последните две децении екстремната партизација на образованието во училиштата е една од главните причини за состојбата во која се наоѓаме. Случајот со гимназијата која остана без струја и основното училиште „Истикбал“каде што раководството се менуваше 4 пати во една година се примери за пазарења и војна меѓу политичките партии, истакна Агрон Арифи од „Подобро за Тетово“.

Граѓанската иницијатива смета дека за отежнатата состојбата во образовниот процес, покрај негрижата на централната власт присутен е и агресивниот пристап на локалната власт кон училиштата.

- Иако општината е основач на основните и средните училишта, таа покрај што не предвидува средства од сопствениот буџет за подобрување на состојбата на училиштата и се потпира само на дотациите од централната власт, манипулира со владините упатства со цел спроведување на финансиски сомнителни набавки на товар на родителите. Во последните два месеци се врши голем притисок врз родителите и наставниците за безусловно прифаќање на еден вид униформа, за што одлуката е донесена без консултација со родителите иако финансискиот товар паѓа на нив.

На која одлука на Владата е повикана општината за униформите? Кој од општината се договорил во 4 очи за униформите на 15.000 ученици, игнорирајќи ги родителите кои плаќаат? Која е фирмата и како е избрана? Кој ги произведува униформите за средношколците, текстилното училиште или именуваната фирма?! Како беше одредена цената од 800 денари кога вакви артикли се достапни на пазарот по многу поевтина цена, прашуваат од иницијативата.

Од „Подобро за Тетово“ со потсетување до општина Тетово ја завршија прес-конференцијата истакнувајќи дека униформите служат за подобрување на безбедноста и еднаквоста меѓу учениците, а не за финансиски пазарења на неовластени поединци од општината на сметка на родителите на учениците.ас/фф/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан