Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ
- СООПШТЕНИЕ - Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ) го објавува регионалниот Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“ (референтен бр. 10-46/1-2024).
Скопје, 24 јуни 2024
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ) го објавува регионалниот Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“ (референтен бр. 10-46/1-2024). Повикот за предлози е во рамките на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската унија.
Општата цел на овој повик за предлог проекти е да се обезбеди поддршка на локалните граѓански организации во спроведувањето на агендата на ЕУ и регионалната агенда за борба против корупцијата во целните земји, во согласност со прашањата идентификувани во Регионалниот антикорупциски извештај (РАР) на СЕЛДИ, документите за политики на СЕЛДИ и најновите извештаи за проширување за целните земји.
Индикативниот износ наменет за Програмата за мали грантови е 292.500 евра.
Минимален износ на грант: 7.000 евра;
Максимален износ на грант: 10.000 евра.
Крајниот рок за поднесување на концепт ноти е 1 август 2024 година, 16.00 часот по средноевропско време (ЦЕТ).
Онлајн информативна сесија за овој повик за предлози ќе се одржи на 28 јуни 2024 година во 11:00 часот по средноевропско време на ZOOM (ЛИНК за информативната сесија). Организациите заинтересирани да присуствуваат на информативната сесија можат да се регистрираат на ОВОЈ ЛИНК.
Граѓански ресурсен центар
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.