• понеделник, 23 декември 2024

Повеќе од 600.000 раселени поради поплавите во Сомалија

Повеќе од 600.000 раселени поради поплавите во Сомалија

Најроби, 21 ноември 2023 (МИА) - Бројот на раселените од поплавите во Сомалија се зголеми за 100.000 за само една недела, со што конечниот број достигна 650.000.
Во обилните дождови кои почнаа да паѓаат во октомври загинаа повеќе од 100 луѓе во Рогот на Африка.

Во Кенија и Етиопија, цели градови се отсечени од надворешниот свет.

Засегнатите области претходно беа погодени од најтешката суша што го погоди регионот во последните четири децении.

Бидејќи се предвидува повеќе дожд, луѓето ги напуштаат своите домови и се преселуваат на суво, додека владата и хуманитарните агенции се обидуваат да дојдат до погодените. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан