• сабота, 29 јуни 2024

Победи за фаворитите на денешните средби од ПМФЛ

Победи за фаворитите на денешните средби од ПМФЛ
Скопје, 24 октомври 2021 (МИА) – На денешните пет натпревари од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига екипите кои важеа за фаворити освоија по три бода. Академија Пандев, Брегалница и Шкендија и се доближија на второпласираната Ренова која вчера загуби на дербито со Шкупи. Резултати: Борец – Академија Пандев 1:2 Скопје – Тиквеш 2:1 Македонија ЃП – Струга 1:1 Пелистер – Брегалница 0:3 Шкендија – Работнички 2:0. Вчера, Шкупи – Ренова 2:1. Табела: Шкупи 26 бода, Ренова 21, Академија Пандев 21, Брегалница 19, Шкендија 17, Струга 15, Работнички 15, Скопје 15, Македонија ЃП 11, Борец 8, Тиквеш 6, Пелистер 4. зс/

Остани поврзан