• четврток, 18 април 2024

ПМФЛ: Шкендија го совлада Вардар, по бод за Шкупи и Струга

ПМФЛ: Шкендија го совлада Вардар, по бод за Шкупи и Струга

 

Скопје, 3 март 2024 (МИА) – Тетовска Шкендија го совлада попладнево Вардар со 3-0 во дерби натпреварот од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Шкупи остана лидер на табелата и покрај ремито на домашен терен без голови против Тиквеш, а без голови заврши и дуелот меѓу Силекс и Струга во Кратово.

Во преостанатите натпревари, Гостивар ја совлада Брера со 2-0, а со идентичен резултат Работнички беше поуспешен од Брегалница. Единствената гостинска победа ја забележа Воска триумфирајќи над Македонија ЃП со 2-1.

ПМФЛ – 21 коло:

Работнички – Брегалница 2-0

Македонија ЃП-Воска 1-2

Шкендија – Вардар 3-0

Шкупи – Тиквеш 0-0

Силекс – Струга 0-0

Гостивар – Брера 2-0

Табела: Шкупи 43, Струга 42, Шкендија 42, Силекс 29, Гостивар 29, Работнички 27, Брера 26, Тиквеш 26, Воска 24, Вардар 21, Брегалница 20, Македонија ЃП 18. ег ФОТО: ФФМ

 

Остани поврзан