• среда, 03 јули 2024

ПМФЛ: Победи на Шкупи и Академија Пандев

ПМФЛ: Победи на Шкупи и Академија Пандев
Скопје, 20 февруари 2022 (МИА) – Лидерот Шкупи ја забележа и втората победа во низа во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), совладувајќи го попладнево градскиот ривал Работнички, а триумф во рамки на 20. коло забележа и третопласираната Академија Пандев над Скопје. Во преостанатите три денешни прволигашки дуели, Македонија ЃП триумфираше на гостински терен над Ренова, Тиквеш пред своите гледачи го совлада последно пласираниот Пелистер, додека Струга и Брегалница ги поделија бодовите. ПМФЛ – 20 коло, резултати: Академија Пандев – Скопје 5:0 Работнички – Шкупи 0:1 Ренова – Македонија ЃП 0:1 Струга – Брегалница 1:1 Тиквеш – Пелистер 1:0 Борец – Шкендија 0:3 (одиграно вчера). Табела: Шкупи 48, Шкендија 40, Академија Пандев 38, Македонија ЃП 33, Ренова 30, Брегалница 30, Струга 27, Работнички 25, Скопје 21, Тиквеш 18, Борец 13, Пелистер 5. ег/мд/

Остани поврзан