• недела, 05 јануари 2025

Планинарите од клубот „Љуботен“ традиционално во новата година прво се искачија на врвот Љуботен

Планинарите од клубот „Љуботен“ традиционално во новата година прво се искачија на врвот Љуботен

Тетово, 3 јануари 2025 (МИА) - Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно традицијата кај нив во првите денови во новата година, вчера на 2 јануари го искачија врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина, со што се почнуваат нивните активности. На ова искачување одат само неколкумина исклучително искусни планинари.

-Веќе цел век, планинарскиот клуб „Љуботен“ на овој ден гордо ја отвора Шарпланинската порта, токму на врвот Љуботен – симбол на нашата љубов кон природата и посветеност на планинарството.  Оваа година славиме нешто повеќе од јубилеј – славиме 100 години традиција, меѓусебна почит и градење на вредности. ПК „Љуботен“ отсекогаш бил многу повеќе од клуб. Тоа е заедница што ги поврзува срцата на љубителите на планините, историја што сведочи за упорноста на генерациите, и визија што ја обликува иднината на планинарството во Македонија, информираше планинарскиот клуб Љуботен од Тетово.

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово е формиран на 23 март 1925 година. ас/цр

фото: ПК Љуботен 

Остани поврзан