• петок, 22 ноември 2024

Писториус најави нов пакет помош за Украина во вредност од 500 милиони евра

Писториус најави нов пакет помош за Украина во вредност од 500 милиони евра

Берлин, 19 март 2024 (МИА) – Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска објави нов пакет помош за Украина во вредност од 500 милиони евра.

По состанокот на украинската одбранбена контакт група (УДЦГ) одржан во американската воена база Рамштајн во Германија, тој прецизираше дека новиот пакет на Германија вклучува 10.000 артилериски гранати од сопствените воени резерви, како и 100 оклопни пешадиски возила и 100 логистички возила.

- Продолжуваме со испорака на резервни делови за системи кои се веќе испорачани, како и испраќање на голема количина медицински материјали, рече Писториус на брифингот со новинарите. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан