• петок, 19 јули 2024

Пет случаи на заразени со коронавирус во грчкиот ватерполо тим

Пет случаи на заразени со коронавирус во грчкиот ватерполо тим
Атина, 3 август 2020 (МИА) - Ватерполо федерацијата на Грција соопшти дека петмина членови на националниот тим биле заразени со коронавирус. Затоа, до понатамошно известување, сите активности на машката и женската селекција беа откажани. Како што се наведува, сите заразени се во самоизолација, додека другите играчи утре повторно ќе бидат тестирани. Грција требаше да биде еден од учесниците во ХЕП-купот во Хрватска на крајот на август, а покрај домаќините, на тој турнир ќе учествуваат и Црна Гора и Италија.

Тагови

Остани поврзан