• вторник, 17 декември 2024

Петрушевски: Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола

Петрушевски: Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола

7 декември 2024

интегрален текст од прес-конференција 

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ  

Почитувани,

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола.

Десетици милиони евра испумпаа фирми блиски до Заев од РЕК Битола. 7 години енергетскиот комбинат беше пустошен од СДС.

Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од милионскиот грабеж во РЕК Битола.

Тендерот од 43 милиони евра за ископ на Марковски компани, кој е поништен од новото раководство во РЕК Битола е само еден од десетиците, каде фирми како Јавор Транс и други блиски до Заев испумпуваа милиони како подизведувачи.

Матните тендери во РЕК Битола, преку кои се испумпуваа милиони, резултираа со поскапа струја за народот.

Венко Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажува ниту од криминалот во РЕК Битола и го прифаќа како политичко наследство со кое се гордее.

Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ 

фото: ВМРО-ДПМНЕ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан