• петок, 22 ноември 2024

ИЗБОРИ 2024/Петрушевски за идејата на ДУИ за претседател на државата вели дека ВМРО-ДПМНЕ под уцени не разговара и преговара

ИЗБОРИ 2024/Петрушевски за идејата на ДУИ за претседател на државата вели дека ВМРО-ДПМНЕ под уцени не разговара и преговара

Скопје, 24 февруари 2024 (МИА) - Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска на прес-конференција во седиштето на партијата рече дека ДУИ во недостаток на реални аргументи и проекти излегуваат со национал - романтистички барања, како што е изборот на претседател на државата во Собранието.

- Она што е наш став е дека ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, а најмалку пак прифаќа уцени. Ние само ќе ги повикаме граѓаните да го следат ова однесување на ДУИ и да биде тоа дополнителен мотив за сите граѓани на наредните избори да докажат дека оваа држава не е заложник на една политичка партија и дека ДУИ, како што се однесува изминативе 20 години, очигледно ќе продолжи да се однесува и наредните години, рече Петрушевски.

На прашањето дали со условувањата е доведен во прашање цензусот за претседател, Петрупевски вели дека таквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира граѓаните да кажат „доста е“. вг/бак/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан