• понеделник, 23 декември 2024

Петрушевски: Афера „Тајни имоти“ 123 функционери на власта кријат имот од 30 милиони евра

Петрушевски: Афера „Тајни имоти“ 123 функционери на власта кријат имот од 30 милиони евра
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Пет години од власта на Социјалемократски Сојуз на Македонија, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. На денешната прес-конференција, пратеникот Бране Петрушевски информираше дека на списокот кој го поседуваат има куќи, станови, викендици и деловни простории кои, како што рече „се скриени од очите на јавноста“. - На овој список се државни функционери, претседатели на комисии, директори, раководни луѓе на институции. Поголемиот дел од нив директно поставени од владата и функционери во партиите на власт, рече пратеникот. Според ВМРО-ДПМНЕ, овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција. - Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ но не помалку важно кон криење на своите имоти. Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити, посочи пратеникот. Петрушевски истакна дека доколку во рок од 24 часа институциите сами не ги објават овие имиња, од утре ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави поединечно. - Откако ќе ги објавиме ќе побараме и проверка на потеклото на имот, зошто тајниот имот е таен поради одредени причини, а најголемата е дека истиот би можел да е нелегално стекнат, рече Петрушевски. На новинарските прашања околу деталите за аферата, пратеникот посочи дека одговори на истите ќе има од утре. ар/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан