• сабота, 29 јуни 2024

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник. са/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан