• недела, 06 октомври 2024

Песков: Орбан не носи порака од рускиот за американскиот претседател

Песков: Орбан не носи порака од рускиот за американскиот претседател

Москва, 8 јули 2024 (МИА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин не доставил никаква порака преку унгарскиот премиер Виктор Орбан до американскиот претседател Џо Бајден и другите учесници на Самитот на НАТО што неделава ќе се одржи во Вашингтон.

На прашањето дали Путин им пренел порака на Бајден и на другите учесници на Самитот на НАТО преку Орбан, кој ја посети Москва на 5 јули, Песков одговори негативно.

Тој додаде дека Орбан, кој претходно ги посети Киев и Москва, а денеска е во Пекинг, од каде ќе отпатува во Вашингтон, „презема сериозна иницијатива да ги спореди ставовите на различни страни, врз основа на примарни извори“.

- Ние тоа многу цениме и претседателот Путин даде висок оцена на напорите на господинот Орбан, истакна Песков. ми/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан