• понеделник, 23 декември 2024

Куќите на Захариева во Софија и на Халкидики ги заинтригираа европратениците 

Куќите на Захариева во Софија и на Халкидики ги заинтригираа европратениците 

Брисел, 6 октомври 2024 (МИА) - Две куќи во сопственост на кандидатката за еврокомесарка за истражување и иновации, Екатерина Захариева и на нејзиниот сопруг Ангел Захариев, што се наоѓаат во Бугарија и Грција, предизвикаа посебен интерес кај европратениците, членови на Комитетот за правни прашања (ЈУРИ) на ЕП, кој во четвртокот почна со разгледување на доставените декларации за имотната состојба на кандидатите за членови на новата Европска комисија, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Како што јави „Еурактив Бугарија“, повикувајќи се на извори во Европскиот парламент, во декларацијата на Захариева, меѓу другиот имот, наведени се и куќа во Софија од 484 квадратни метри изградена во 2018 година на парцела од 600 квадратни метри купена во 2007 година, како и „вила со студија“ од 200 квадратни метри на грчкиот полуостров Халкидики изградена во 2019 година на земјиште стекнато во 2008-та. 

Захариева уште изјавува и дека на тековната сметка има околу 61.000 евра, заштеда од 38.000 евра и имот во сопственост на компанијата на нејзиниот сопруг, „Анзак инвест“ вреден  292.777 евра.  

Таа во својата декларација посочува и дека во периодот 2017-2023 година во пет наврати била ангажирана како проект-менаџер во траење од по два месеци, но не прецизира за какви проекти станува збор. 

Според „Еурактив Бугарија“, кај европратениците интерес привлекол фактот што нема објаснување за потеклото на средствата за изградба на недвижностите, кои се изградени во периодот кога Захариева беше бугарска министерка за надворешни работи, од 2017 до 2021 година. 

Името на Захариева се поврзуваше со неколку афери, меѓу кои и таа од 2018 година за илегално издавање на бугарски државјанства за паричен надомест.  

Согласно процедурата, ЈУРИ има право на кандидатите за еврокомесари да им постави и дополнителни прашања поврзани со наводите во декларациите, пред да донесе конечна одлука дали постои судир на интереси за нивниот избор. Крајниот рок до кој Комитетот за правни прашања на ЕП треба да се изјасни за тоа е 18 октомври. 

Но, во декларациите претходно доставени до бугарската антикорупциска комисија во периодите кога била избирана за државни функции, Захариева дава подетални податоци за имотот што го поседува.  

Така, во декларацијата од 2016 година, кога беше избрана за вицепремиерка и министерка за правда, Захариева пријавува три стана во Софија, стекнати во 2005, 2008, 2009 година, од кои два се во заедничка сопственост со нејзиниот сопруг, а третиот е само нејзин.  

Наскоро ќе донираме вакцини за Северна Македонија, кога ќе имаме доволно количества од ЕУ, вели министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, јави дописникот на МИА од Со

Станот што е само во нејзина сопственост е купен во 2005 година за 26.000 евра, тој во 2009 од 94 квадратни метри за 105.000 евра, а станот од 62 квадрати, стекнат во 2008 година, за сума од само 11.500 евра. 

Покрај ова, Захариева пријавила и дека поседува половина од продавница во бугарскиот град Пазарџик, купена во 1996 година за 38.200 евра. 

Во оваа декларација за сопругот Ангел Захариев, Захариева пријавил дека поседува банкарски депозити во Бугарија во вредност од 75.000 евра и 15.000 долари. 

Во друга декларација до бугарската антикорупциска комисија од 2018 година, кога во Бугарија стана задолжително пријавување и на приходите, Захариева пријавила дека таа има приход од околу 33.000 евра, а нејзиниот сопруг од околу 105.500 евра. Во оваа декларација Захариева пријавила и дека продале половина од парцелата на Халкидики за речиси 58.700 евра. 

Во декларацијата од 2021 година, пак, покрај веќе претходно наведените имоти, Захариева пријавила и дека во периодот од 2019 до 2021 година остварила приходи од 115.000 евра, главно од плати, а нејзиниот сопруг од  272.500 евра. Во оваа декларација таа наведува и дека нејзиниот сопруг им дал три позајмици на приватни лица во вкупна вредност од 175.000 евра, од кои најголемата изнесувала 134.000 евра. Имињата на овие поединци не се наведени. сп/

Фото: МИА Архива/Икс

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан