• вторник, 05 ноември 2024

Во БиХ денеска се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ поради поплавите

Во БиХ денеска се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ поради поплавите

Сараево, 5 октомври 2024 (МИА) - Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат локални избори, осми од прогласувањето на независноста во 1992 година, на кои се избираат началници на општините и градоначалници на градовите, како и општинските и градските совети и собранија во 143 локални заедници - 111 општини, 32 града и округот Брчко, кој е посебна административна единица.

Вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список на Босна и Херцеговина е 3,4 милиони.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина вчера одлучи поради катастрофалните поплави да ги одложи изборите во четири општини на ФБиХ - Јабланица, Коњица, Кисељак, Крешево, а денеска и во целата општина Фојница, место првично утврдените три избирачки места. Изборите во овие општини ќе се одржат кога ќе се исполнат условите, соопшти ЦИК на БиХ.

Изборниот молк во БиХ, што почна вчераутро, трае до затворањето на последното избирачко место вечерва во 19 часот.

На изборите учествуваат 110 политички партии, 386 кандидати се за началник и градоначалник. Повеќе од 25.700 кандидати ќе се борат за пратенички места во парламентите на локалните заедници.

 Очекуваните трошоци за изборите се 9,7 милиони евра.

Од 386 кандидати за началници и градоначалници во БиХ, само 29 се жени или 7,5 отсто.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан