• недела, 22 декември 2024

Песков: Забраната за руски медиуми на Фејсбук е неприфатлива

Песков: Забраната за руски медиуми на Фејсбук е неприфатлива

Москва, 17 септември 2024 (МИА) - Кремљ денеска оцени дека фирмата-сопственик на Фејсбук - Мета, „се дискредитира“ со забраната за некои руски државни медиуми на своите платформи.

- Ваквите селективни акции против руските медиуми се неприфатливи, изјави портпаролот Дмитриј Песков. Ова ја комплицира можноста за нормализирање на нашите односи со Мета, додаде тој.

Мета тврди дека мрежите користеле измамнички тактики за тајно влијание на интернет.

Москва ја прогласи Мета за „екстремистичка“ организација во 2022 година и го блокираше пристапот до Инстаграм и Фејсбук. Тоа беше направено во знак на протест против промените во политиката на Мета за говор на омраза, која им овозможуваше на корисниците да изразуваат бес поради руската инвазија на Украина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан