• понеделник, 23 декември 2024

Перез: Ла Лига треба да биде спортски лидер на Барса, бидејќи таа одлучува со кого може да потпише

Перез: Ла Лига треба да биде спортски лидер на Барса, бидејќи таа одлучува со кого може да потпише
Мадрид, 12 август 2022 (МИА) - Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се пошегува дека Ла лига треба да биде спортскиот директор на Барселона. - Ла Лига треба да биде спортски директор на Барса бидејќи таа одлучува со кого може или не може да потпише, рече Перез. Тој зборуваше за финансиската состојба во каталонскиот клуб и изрази уверување дека ќе се надмине кризата. - Секако дека ќе го надминат тоа. Зошто да биде поинаку? Има добри и лоши економски ситуации во животот, но ова е еден од најголемите клубови во светот. Барса има механизми преку кои може да се коригира. Сите го сакаме ова, бидејќи тоа ќе биде од корист за шпанскиот фудбал. Во сабота на 13 август Барселона ќе му гостува на Рајо Ваљекано во натпреварот од 1. коло на Ла Лига. Следниот ден мадридскиот клуб ќе игра на гости кај Алмерија. зс/

Остани поврзан