• петок, 22 ноември 2024

Партија на пензионери: Треба да се прифати новиот француски предлог

Партија на пензионери: Треба да се прифати новиот француски предлог
3 јули 2022  ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), поаѓајќи од нужноста на потребата за обезбедување на временски разумна перспектива за отпочнување на пристапни преговори за влез на земјата во Европската унија, смета дека новиот Предлог на Француското Претседателство треба да се прифати. ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), на седница на новоизбраниот Извршен одбор (избран на Конгресот на Партијата на 18.06.2022 година), која се одржа на 02.07.2022 година, по констатирање дека Предлогот на Француското Претседателство е прифатлив, бидејќи не ги оспорува елементарните услови за заштита на македонските државни и национални интереси во процесот на пристапување во ЕУ и бидејќи во дадените крајно сложени околности поради негаторскиот однос на Република Бугарија кој е непроменет повеќе децении, без никакви назнаки дека ќе се промени, како и поради нејзината реално очекувана идна блокада на процесот, едногласно донесе Заклучок со кој го подржа ставот на Претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски нашето државно раководство да го прифати новиот Предлог и на тој начин да се создадат услови да отпочнат пристапните преговори на земјата за влез во ЕУ. Истовремено ПП преку Претседателот на Партијата, во рамки на коалицијата, ќе иницира во разумен рок, кој нема да овозможи развлекување на процесот за донесување на одлука, Владата и Опозицијата, иако таа го отфрли предлогот, сепак да одржат консултативен состанок на кој, исклучиво и само на оваа тема и секој во рамки на своите одговорности кон македонскиот народ и граѓаните на земјата, јасно, јавно и со преземање на одговорност за иднината на земјата ќе ги аргументираат своите заложби за нивниот програмски деклариран став и заложба за зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Партија на пензионери ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.      

Остани поврзан