• недела, 22 декември 2024

Партерно уредување на двoрот на манастирот „Св. Пророк Еремијa”

Партерно уредување на двoрот на манастирот „Св. Пророк Еремијa”

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Општина Кисела Вода го уредува просторот околу манастирот „Св. Пророк Еремија" во населбата Пинтија.

-Во изминатите денови интензивно се работи на поплочување со павер елементи на целиот двор на вкупна површина од 510 квадратни метри. Се поставуваат нови клупи и друга урбана опрема, се уредува просторот на амфитеатарот. Градежните активности финализираат деновиве, во пресрет на патрониот празник Св. Еремија кој се прославува на 13 и 14 мај и локалното население го одбележува со бројни активности, културни манифестации и обичаи врзани со чествувањето на овој светец, се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода. дма/бак/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан