• сабота, 13 јули 2024

Парламентот на Финска го усвои Законот за враќање мигранти од трети земји од нејзината граница со Русија

Парламентот на Финска го усвои Законот за враќање мигранти од трети земји од нејзината граница со Русија

Хелсинки, 12 јули 2024 (МИА) - Парламентот на Финска го усвои контроверзниот Закон за враќање мигранти од нејзината граница со Русија. Тоа ќе и овозможи на граничната полиција да ги отфрли барањата за азил од мигранти од трети земји кои се обидуваат да влезат на финска територија од соседна Русија.

Според Законот, граничната полиција ќе има овластување да ги блокира барателите на азил откако повеќе од 1.300 илегални мигранти пристигнаа на границата на Финска со Русија минатата година, принудувајќи го Хелсинки да ја затвори.

Финска ја обвинува соседна Русија дека води „хибридна војна“ и ја користи миграцијата како оружје, охрабрувајќи голем број баратели на азил од земји како Сирија и Сомалија да ја преминат руско-финската граница. Кремљ го отфрла ова тврдење. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан