Во Бристол уапсен маж под сомнение дека е поврзан со пронајдените куфери со човечки делови
- Британската полиција денеска уапси 34-годишен маж под сомнение дека е вмешан во смртта на двајца мажи, чии делови од телото биле пронајдени во фрлени куфери во југозападниот англиски град Бристол и во западен Лондон
![Во Бристол уапсен маж под сомнение дека е поврзан со пронајдените куфери со човечки делови](https://new.mia.mk/images/20240713151540_big_730x400_43.webp )
Лондон, 13 јули 2024 (МИА) – Британската полиција денеска уапси 34-годишен маж под сомнение дека е вмешан во смртта на двајца мажи, чии делови од телото биле пронајдени во фрлени куфери во југозападниот англиски град Бристол и во западен Лондон.
Осомничениот е уапсен утрово на железничката станица во Бристол.
Жртвите не се официјално идентификувани, но се претпоставува дека и двете се малолетни. Резултатите од обдукцијата се прогласени за „неубедливи“, а во моментов е во тек второто испитување на телата. ми/
фото: МИА архива