• понеделник, 04 ноември 2024

Паркирај и донирај, хуманитарна акција на ЈП „Стипион“ Штип

Паркирај и донирај, хуманитарна акција на ЈП „Стипион“ Штип

Штип, 1 јули 2023 (МИА) - Со паркирање во хуманитарна зона на некои од паркинзите на ЈП „Стипион“ во Штип, граѓаните од денеска ќе донираат дел од средствата во Солидарниот фонд, кои потоа ќе се користи за помош на ранливи категории и итни случаи. 

Хуманитарната зона, како што информираат од ЈП „Стипион“ Штип ќе биде застапена со вкупно 131 позиција, на неколку локации во градот.

Директор на ЈП „Стипион“' Штип, Панче Стефановски, на стартот на акцијата „Поплочи го патот до солидарноста - паркирај и донирај!“ појасни дека секоја локација од хуманитарната зона ќе биде соодветно означена со информативна табла, а новина ќе биде можноста за наплата преку банкарска сметка со скенирање на QR code позициониран на таблата.

- Со цел да покажеме како многу пати до сега, дека Штип е град на солидарноста, град на хуманоста и да ја подигнеме свеста на граѓаните за користење на овие паркинг позиции, како и да ја актуелизираме потребата од солидарниот фонд, овие средства ќе се користат за помош на наши сограѓани од ранливите категории, како и за итни случаи на кои им е потребна ургентна финансиска помош, изјави Стефановски. 

Паркингот на овие позиции ќе чини 30 денари за првиот и за секој следен час, а месечните и годишните билети за паркирање нема да важат. аа/

Фото: ЈП „Стипион“' Штип

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан