• петок, 17 мај 2024

Париз: Повикувањето на францускиот амбасадор во руското МНР е обид за заплашување

Париз: Повикувањето на францускиот амбасадор во руското МНР е обид за заплашување

Париз, 7 мај 2024 (МИА) – Франција го осуди повикувањето на францускиот амбасадор во Москва во руското Министерство за надворешни работи како обид за заплашување.

- Франција забележува дека дипломатските канали повторно се користат за манипулирање со информации и заплашување, се наведува во соопштението на француското МНР.

Русија го повика францускиот амбасадор Пјер Леви, како што тврди, поради провокативната политика на Париз за конфликтот во Украина, откако францускиот претседател Емануел Макрон повторно ја иницира можноста за испраќање западни трупи на бојното поле.

- Францускиот амбасадор Пјер Леви е повикан поради сè погласните воинствени изјави на француските власти и поради извештаите за зголемената вмешаност на Франција во конфликтот околу Украина. Политиката на Париз води кон ескалација на конфликтот, се наведува во соопштението на руското МНР.

Официјален Париз наведува дека „ќе продолжи да ја поддржува Украина на долг рок, сè додека таа го брани нејзиниот суверенитет и територијален интегритет од руската агресија“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан