Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
- Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели
Стокхолм, 17 мај 2024 (МИА) – Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.
Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.
Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје. ми/
фото: МИА архива