Папата Франциск се моли за жртвите во силниот земјотрес во Југоисточна Азија, соопшти Ватикан
- Папата Франциск упатува молитви за жртвите во силниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала во Југоисточна Азија, јавија светските агенции.

Рим, 28 март 2025 (МИА) - Папата Франциск упатува молитви за жртвите во силниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала во Југоисточна Азија, јавија светските агенции.
„Папата е информиран за катастрофата во Мјанмар и се моли за драматичната ситуација и бројните жртви, исто така и во Тајланд“, соопшти Ватикан.
Денеска е шестиот ден од закрепнувањето на Светиот Отец откако помина пет недели во болница поради пневмонија на двете белодробни крила, забележуваат агенциите.
По враќањето во Ватикан во неделата, папата продолжи со лекувањето со физиотерапија и респираторна терапија, при што беа забележани мали подобрувања во неговиот говор и движења, соопшти прес-службата на Светата столица, без да даде дополнителни детали. Тој продолжува да се лекува од долготрајна инфекција на респираторниот тракт. рп/
Фото: МИА архива