Пандев во Џенова добива засилување од Интер
- Калчолигашот Џенова го позајми напаѓачот на Интер, Даријан Малес.
![Пандев во Џенова добива засилување од Интер](https://new.mia.mk/images/20221104205532_big_730x400_8.webp )
Џенова, 25 септември 2020 (МИА) – Калчолигашот Џенова го позајми напаѓачот на Интер, Даријан Малес.
За Џенова настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев.
Договорот се пресметува до крајот на оваа сезона, се вели во соопштението на веб-страницата на клубот.
Фудбалерот е „дете“ на Луцерн, а Интер го купи 19-годишниот Швајцарец овој месец за 2,5 милиони евра. зс/