• недела, 20 октомври 2024

Пакистан го затвори својот главен град Исламабад за состанокот на Организацијата за соработка во Шангај

Пакистан го затвори својот главен град Исламабад за состанокот на Организацијата за соработка во Шангај

Исламабад, 15 октомври 2024 (МИА) - Пакистанските власти го затворија главниот град Исламабад поради закана од напад на бунтовниците. Засилените мерки се неопходни во врска со пристигнувањето на државните лидери од повеќе земји на состанокот на земјите-членки на Шангајската организација за соработка.

Главниот настан на форумот на организацијата ќе се одржи утре, кога лидерите и другите високи претставници на земјите членки ќе разговараат за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и економијата.

Властите велат дека се одлучиле на строгите мерки поради неодамнешните бунтовнички напади кои претставуваат сериозна безбедносна закана во главниот град.

Пакистанските власти велат дека нивен приоритет е средбата да се одржи мирно. Шангајската организација за соработка е основана во 2001 година од Кина и Русија за да разговара за безбедносните прашања во Централна Азија и поширокиот регион. Останатите членки на организацијата се: Иран, Индија, Пакистан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

Во последните денови, бунтовниците убија десетици луѓе во повеќе напади во северозападните и југозападните делови на земјата. Безбедносните експерти велат дека бунтовниците имаат ограничен капацитет да извршат напад во Исламабад.

Кинескиот премиер Ли Кианг вчера пристигна во пакистанската престолнина. Тој отвори аеродром финансиран од Пекинг во провинцијата Белучистан, каде сепаратистите ја предупредија Кина да ги прекине своите проекти.

Пакистанската војска одговори на заканата од илегалната „Ослободителна војска на Балуџистан“ со повеќекратни напади врз нивните кампови. мс/

Остани поврзан