Пад на продажбата на возилата на „Фолксваген“ за 15,2 отсто во 2020 година
- Главна причина за тоа е пандемијата на коронавирусот.
Волфсбург, 14 јануари 2021 (МИА) - Продажбата на автомобили на германската компанија „Фолксваген“ опадна за 15,2 отсто во 2020 година, на светско ниво. Главна причина за тоа е пандемијата на коронавирусот.
Компанијата соопшти дека продажбата значително се подобри кон крајот на годината и дека бројот на продадени електрични возила е зголемен за трипати. си/сд/