• сабота, 25 јули 2026

Паднати покриви, дрвја, семафори и блокирани улици од невремето во Скопје

Паднати покриви, дрвја, семафори и блокирани улици од невремето во Скопје

Скопје, 21 јули 2026 (МИА) - Во невремето проследено со пороен дожд и силен ветер што го зафати Скопје попладне во 17 часот е предизвикана материјална штета, на улиците има паднати покриви и дрвја врз автомобили, како и паднати семафори.Дел од улиците се блокирани за сообраќај.

 Невреме во тој период го зафати и Куманово, каде исто така има паднати дрвја и бандери, а откорнати се и покривни конструкции на неколку локации. 

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека поради силното невреме што го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција. 

Тој во објава на Фејсбук нагласува дека се во постојана координација со Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.

Од УХМР информираа дека невреме со олуен ветер, пороен дожд и грмежи во 18 часот ги зафати Штип и Кочани и правецот на движење е кон Виница. рп/лв/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа