• петок, 22 ноември 2024

Павле Арсоски од ЗНАМ пред беровчани ја презентираше програмата „Проглас за достоинствена Македонија“

Павле Арсоски од ЗНАМ пред беровчани ја презентираше програмата „Проглас за достоинствена Македонија“

Берово, 22 април 2024 (МИА) - Генералот Павле Арсоски, носител на листа на ИЕ3 од Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, денеска пред жителите на Берово ја презентираше програмата „Проглас за достоинствена Македонија“. Истакна дека со амбициозни планови и конкретни мерки, главниот фокус е ставен на економски развој, промоција на туризмот, зголемување на поддршката за земјоделството, и создавање можности за младите за да останат да живеат и создаваат во Берово. 

-Свесни за потребата за раст и развој на економијата, нудиме планови за економско зајакнување, ги идентификувавме потребите и потенцијалите за развој и поддршка на локалните бизниси  со  цел отварање на нови работни места преку финансиска помош и субвенциии, како и  реставрација на постоечките капацитети. Берово, бисерот на Малешевијата, со својата богата историја и природна убавина, претставува идеално место за развој на алтернативен туризам. Планираме да ја подобриме инфраструктурата, да ги промовираме културните и природни убавини и да ја зголемиме достапноста и квалитетот на туристичките услуги, истакна Арсоски. 

Тој потенцираше дека иселувањето на младите е рак рана за македонското општеството, па оттаму најголем предизвик за Движењето ЗНАМ е да се задржат и охрабрат младите да останат во Македонија.

 -Прогласот за достоинствена Македонија“ предвидува создавање на претприемачки услови и доделување на долгорочни кредити со државна субвенција на каматите, како и поддршка за младите да започнат и развијат свои бизниси во општината. Со овие мерки, целиме да создадеме поволна средина за задржување на  младите во Берово и да ги охрабриме да бидат активен дел од локалното општество и економијата. Движењето ЗНАМ се обврзува да го трансформира Берово и Малешевијата во место каде што секој граѓанин ќе има можност за успех и достоинствен живот, им порача Арсоски на граѓаните. 

Тој ги повика на 24.април и на 8 мај да го заокружат бројот 7 и да дадат глас за Максим Димитриевски и Движење ЗНАМ - За Наша Македонија. вс/дма/

 

Фото: ЗНАМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан