• сабота, 06 јули 2024

Официјално отворена конференцијата за клима КOП28 во Дубаи

Официјално отворена конференцијата за клима КOП28 во Дубаи

Дубаи, 30 ноември 2023 (МИА) - Конференцијата на ОН за климата КOП28 беше официјално отворена денеска во Дубаи.

Прогласувајќи го овогодинешниот форум за отворен, неговиот претседавач Султан ал-Џабер ги повика земјите да најдат заедничка основа за политиката за да ги постигнат глобалните климатски цели.

Претседавачот на минатогодишното издание на конференцијата, египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, ги покани присутните на отворањето да одржат момент на молчење за „сите цивили убиени во тековниот конфликт во Газа, како и за двајца ветерани дипломати на конференциите кои неодамна починаа.

Претставници на речиси 200 земји се собраа во Дубаи за да разговараат за клучните теми поврзани со климата две недели под претседателство на Обединетите Арапски Емирати. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан