• понеделник, 04 ноември 2024

Откажан годинешниот Карневал во Рио

Откажан годинешниот Карневал во Рио
Рио де Жанеиро, 22 јануари 2021 (МИА) - Градоначалникот на Рио де Жанеиро објави дека оваа година неговиот град нема да го организира светски познатиот Карневал, поради пандемијата на Ковид-19. „Никогаш не сум ја криел својата страст кон карневалот и го знам стопанското значење на овој културен настан за нашиот град. Сепак, се чини, неразумно е да се замисли во ова време, дека можеме да го организираме Карневалот во јули", напиша Едуардо Паис на Твитер. Тој притоа вети дека ќе им помогне на сите Бразилци кои работат цела година за да ја организираат оваа огромна прослава. Карневалот во Рио обично се одржува во февруари или март, непосредно пред да започне постот. Во септември минатата 2020 година, училиштата за самба коишто ја организираат парадата, одлучија да го одложат Карневалот за јули годинава, поради пандемијата, образложувајќи дека дотогаш, веројатно, ќе се најдат вакцини. И покрај почетокот на имунизацијатта во Бразил во неделата, градоначалникот смета дека сѐ уште би било невозможно да се организира најголемиот фестивал во светот, кој привлекува милиони луѓе на улиците на Рио секоја година. По САД, Бразил е на второто место во светот по смртност од коронавирусот, со вкупно над 213.000 смртни случаи. си/

Остани поврзан