• понеделник, 23 декември 2024

Отворена изложба за патрониот празник на библиотеката „Св. Климент Охридски“-Битола

Отворена изложба за патрониот празник на библиотеката „Св. Климент Охридски“-Битола

Битола, 8 декември 2023 (МИА) - НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола со изложба која содржи дробен печат периодични и монографски изданија и со промоција на Библиографија на изданија од 1945 до 2023 година, го одбележа патрониот празник на библиотеката.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, истакна Бојан Стефановски, директор на оваа установа.

-Промоцијата на монографската публикација „Библиографија на изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 – 2023 година)“ е посебен повод на највисоко ниво да ги претставиме и презентираме на едно место во библиографија сите досегашни изданија на нашата национална установа. Библиотеката во своето 79 годишно постоење им овозможи на сите вработени кои имаа идеи и знаења да можат слободно да ја изразат својата научна и истражувачка дејност и да ја преточат во дела кои се дел од оваа Библиографија, а сè со цел да придонесат во промоција на македонската култура кај нас и во странство, посочи Стефановски.

Во Библиографијата застапени се истакнати, објавени и реализирани стручни проекти од посебно значење за унапредување на библиотечната дејност кои ги има во голем број и се состојат од истражување, творење, создавање на дела кои служат како пример за учење, библиографска информација, хроника на една дејност, библиографски трудови во доменот на роднокрајната дејност на Битола и Битолско.

-Библиографијата е со прирачнички хроничарски односно културно – историски карактер како за Битола така и за Македонија, активности за презентација и промоција на македонската книжевна продукција во странство односно реализирани проекти, активности и трудови од значење за унапредување на библиотечната дејност во Општина Битола, државата и пошироко, нагласи Стефановски.

Во рамки на одбележување на патронатот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола се одржа и завршен настан од проектот „Креирај Слемирај“. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан