• петок, 28 јуни 2024

Османи им ги врачи акредитивните писма и на втората група амбасадори на земјава во странство

Османи им ги врачи акредитивните писма и на втората група амбасадори на земјава во странство
Скопје, 12 март 2012 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот профил на Фејсбук објави дека денеска им ги врачил акредитивните писма на втората група амбасадори земјава во странство. - По испраќање на првата група на амбасадори: Данчо Марковски во Тирана, Фатон Бејта во Копенхаген, Шпреса Јусуфи во Приштина, Сали Лимани во Нур Султан, Шабан Јашари во Доха, Дане Талески во Постојаната Делегација при НАТО во Брисел, Теута Агаи - Демјаха во Постојаната мисија при ООН во Женева и Марија Ефремова во Ватикан, денес им ги врачив акредитивните писма и на втората група амбасадори кои ќе ја претставуваат Република Северна македонија во странство, наведе Османи во објавата Тој нагласува дека на новите амбасадори Сашко Тодоровски во Прага, Горан Цеков во Токио, Светлана Гелева во Стразбур, Билјана Стефановска Сековска во Канбера, Бети Јачева во Хаг, Драган Јордановски во Талин, Лидија Бошковска во Атина  и Милаим Фетаи во Загреб, им посакал среќа и успех во работата. - Пред нив претстојат големи предизвици и обврски да ги зацврстат пријателствата и да отворат нови перспективи за соработка во земјите на нивниот прием. Дипломатската мрежа максимално се пополнува со професионални кадри, а до крајот на годината ќе бидат пополнети и малубројните останати центри, додава Османи во објавата. сп/

Остани поврзан