• вторник, 02 јули 2024

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан, со седиште во Белград, Камил Касијев, информираат од МНР.

-Министерот Османи посакувајќи му успех на амбасадорот Касијев, изрази увереност во понатамошниот развој на билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на економската соработка и енергетиката. Беше изразено особено задоволството за одличната соработка на мултилатерален план и меѓусебната поддршка на кандидатурите во меѓународните институции, соопштуваат од МНР.

Од Министерството дополнуваат дека на средбата станало збор и за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, актуелните состојби во регионот на ОБСЕ, како и други меѓународни прашања и регионални теми. ир/аа/

 

Фото: МНР

Остани поврзан