• среда, 03 јули 2024

Претседателката Сиљановска Давкова го прими претставникот на Европската банка за обнова и развој, Фатих Туркменоглу

Претседателката Сиљановска Давкова го прими претставникот на Европската банка за обнова и развој, Фатих Туркменоглу

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила претставникот на Европската банка за обнова и развој, Фатих Туркменоглу. На средбата се разговарало за досегашната соработка со Европската банка за обнова и развој, при што Сиљановска Давкова изразила благодарност до ЕБОР за поддршката и партнерството во изминатите три децении, како еден од клучните и најголеми инвеститори во земјава и регионот.

Од кабинетот на Сиљановска Давкова соопштија дека таа истакнала дека ЕБОР со своите активности за поддршка во исклучително важни области преку значајни проекти како што се транспортната инфраструктура, општинската инфраструктура за животна средина, енергетиката и гасификацијата, ќе придонесе за зајакнување на регионалната интеграција, за придвижување на македонскиот евроинтегративен процес, како и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

- Изразувајќи задоволство од соработката со Европската банка за обнова и развој особено во областа на инфраструктурата како значаен сегмент за севкупниот економски и социјален развој, но и можностите што ги нуди за инвестирање во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека во рамки на своите ингеренции во економските политики ќе биде посветена на промовирање на македонските интереси преку економска дипломатија и партнерства со меѓународни институции како што е досегашното со ЕБОР, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката на државата. цр/аа/

Фото: Кабинет на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова

Остани поврзан