• вторник, 05 ноември 2024

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка Филипиду

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка Филипиду

Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.

-Посакувајќи и добредојде и успех во вршењето на функцијата, Османи ја пренесе убеденоста дека позитивната динамика во односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжи и за време на нејзиниот мандат, инфрмираат денеска од МНР.

На средбата биле потврдени блиските односи и плодната трговска размена меѓу двете држави, подготвеноста за активна и отворена соработка во насока на натамошно унапредување на севкупната билатерална соработка, како и важноста на целосна имплементација на договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји - Преспанскиот договор, кој отвори едно ново поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Грција.

Како што нагласуваат од МНР, Османи на средбата изразил благодарност за цврстата поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Северна Македонија. сст/дма/

Остани поврзан