• недела, 22 декември 2024

Османи во Прага на неформален НАТО министерски состанок

Османи во Прага на неформален НАТО министерски состанок

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Прага ќе учествува на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Како што соопштија од МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, понатамошната поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на Алијансата.

- Воедно, ќе стане збор и за финалните подготовки и клучните одлуки кои се очекува да бидат усвоени на Самитот на НАТО, што ќе се одржи во јули во Вашингтон, се наведува во соопштението од МНР. цр/аа/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан