• недела, 07 јули 2024

Орбан: Унгарија ќе биде единствената земја која одржува врски и со Москва и со Киев

Орбан: Унгарија ќе биде единствената земја која одржува врски и со Москва и со Киев

Москва, 5 јули 2024 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан на средбата со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Унгарија ќе биде единствената земја во Европска Унија која одржува врски и дијалог и со Русија и со Украина.

- Се намалува бројот на земји кои можат да разговараат со двете страни во судирот во Украина. Унгарија најверојатно набрзо ќе стане единствена која разговара и со Русија и со Украина, посочи Орбан.

Тој му се заблагодари на Путин за средбата „под такви предизвикувачки услови“, алудирајќи на конфликт во Украина.

- Би сакал да ја искористам оваа можност да разговарам за голем број предизвикувачки прашања и да се запознам со вашиот став за проблемите важни за Европа, истакна Орбан.

На почетокот од средбата, Путин истакна дека очекува Орбан да зборува за Украина како претседавач со ЕУ. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан