• сабота, 21 декември 2024

Општинскиот Црвен крст - Велес го одбележа 5 декември Светскиот ден на волонтерството

Општинскиот Црвен крст - Велес го одбележа 5 декември Светскиот ден на волонтерството

Велес, 5 декември 2024 (МИА) - Во знак на благодарност до сите волонтери од Црвен крст, Општинска организација Велес синоќа во салата на Општина Велес одржа свечен настан на кој им беше оддадена почит до сите истакнати волонтери од хуманитарната организација кои несебично помагаат и работат, со цел да им се помогнат на оние на кои им помошта им е најпотребна.

Беа доделени признанија за најдобрите волонтери во 2024 година, волонтерите со најмногу волонтерски часови и волонтери со најдолг континуиран волонтерски стаж.

Д-р Јадранка Мишкова доби награда за животно дело на полето на волонтерството.

Благодарница, за најволонтер за 2024 година го доби Сара Јовчевска, лидер на Клубот на млади, локален дисеминатор во Програмата Црвен крст во акција, за промоција на хумани вредности за тековната година, врснички едукатор и волонтер, вклучена во многу активности на Црвен крст.

Воедно на свеченоста беше соопштено дека Општинскиот натпревар по прва помош од 15 февруари 2024 се именува во „Натпревар д-р Милчо Трајков“ во чест по починатиот претседател на Општинскиот и Републики Црвен крст и долгогодишен волонтер и активист на Црвениот крст, д-р Милчо Трајков.

Покрај доделувањето на наградите се одржа и панел дискусија, преку која панелистите Петре Петрушевски, д-р.Кевица Шопова Клифова и Тамара Коцевска ги раскажаа своите волонтерски приказни.

За забавата беа задолжени членовите на балетското студио Анабела. ад/цр

Фото: МИА

Остани поврзан